За да се направи еден асфалтен пат, се потребни денови работа и многу човечки раце. Но, не и ако имате Tiger Stone. Оваа машина, наречена „патен печатач” е способна да гради по 400 квадратни метри секој ден. Ако оваа активност се врши од страна на човекот, можат да бидат изградени најмногу 100. Таа се управува со помош на еден до тројца луѓе.
Работи на електрична енергија и располага со вградени сензори кои следат рабници. Производителите ја нудат машината во различни ширини, иако најскапата варијанта чини малку над 100 илјади долари.
Кога слушаме вакви нешта сите помислуваме како е добро што технологијата оди напред, но честопати тоа се случува и по цена на квалитетот и секојдневно умирање на бројни професии и занаети, што некому му значат живот.