Доколку сте еден од многуте луѓе кои водат живот што вклучува малку движење препорачливо е да практикувате вежби што можат да се прават по дома. Со помош на еден од најпопуларните современи реквизити за вежбање – топката за пилатес, може да си допуштите наменска вежба која ќе го зацврсти вашиот задник, но што е уште поважно и мускулите на грбот. Обидете се само еднаш и ќе се уверите дека резултатите се видливи уште од првиот пат
Оваа едноставна вежба со пилатес топка е инстантно делотворна за вашето тело. Преку едноставно подигање и спуштање на телото се активираат сите мускули на задникот и долниот дел од грбот, при што истовремено работите на својата сила и издржливост.
Прв чекор
Легнете на рамна и тврда површина со рамената цврсто поставени на земја, нозете држете ги исправени и испружени на топката, без притоа да ги виткате колената.
Втор чекор
Притиснете ги мускулите на задникот и подигнете се од земја, со нозе потпрени врз топката и раце испружени покрај телото. Ќе почувствувате напнатост во долниот дел на грбот, при што ќе реагираат и вашите стомачни мускули. Задржете се во таа положба 10-15 секунди.
Трет чекор
Држејќи го задникот поткренат, свијте ги колената и придвижувајте ја топката кон вас, се’ додека вашите стапала не ја допрат нејзината површина. Истегнете ги нозете и вратете се во почетната позиција. Повторете ја вежбата пет пати.