Во прислушуван разговор на денешното судење за „Титаник“, обвинетиот Миле Јанакиески и Даниела Рангелова разговараат за директорка што „не соработува“ и која треба да се избрка зашто „поважна ѝ била црквата“:
„Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му се жали Даниела Рангелова на обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.
„Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“, коментира Миле.
„Ја избркав“, враќа Рангелова.
Подоцна со друг соговорник, Јанакиески го завршува разговорот со зборовите: „Ма остај ја, поважен ѝ е господ од партијата“, алудирајќи на истата таа „непослушна“ директорка.
Повеќе детали на СДК.