Ова ве очекува ако започнете да живеете со партнерот

Голем број двојки фантазираат за тоа да започнат заеднички живот со својот партнер.

Но, убаво е пред да се впуштиме во таков чекор да слушнеме и за оние несовршености кои многупати не умееме или не сакаме да ги предвидиме.

Денешниот начин на живот исполнет со бројни работни обврски, не остава многу време и простор за младите парови да бидат заедно. Затоа, едно од решенијата е да се пронајде заеднички стан во кој ќе можеме да заспиеме прегрнати.

man-kissing-his-girlfriend-in-forehead

Ја отвораме „пандорината кутија“ за почетокот на заедничкиот живот.

Чорапи на сите страни

На подот, на столицата, под креветот. Насекаде, освен во корпата за валкана облека. Дури и ако се оставени на место, големи се шансите една проклета сина чорапа да биде испрана со белата долна облека, па да започне вашата рапсодија во сино.

Влакна во мијалникот

И жените оставаат многу влакна чешлајќи се, но ти е сепак се трудат да исчистат зад себе. Кај мажите ова  е малку поретко, некои дури велат – никогаш.

Apple_Orange

Валкани садови

Ова е вистинска битка. Голем број балкански мажјаци доаѓаат од семејства во кои мајката се грижела за сите куќни работи, а нив влезот во кујната им бил забранет. Така и ќе остане, додека не решите да промените нешто.

Мириси

Жените сакаат миризливи свеќи, етерични масла и мирис на свежо измиени алишта. И покрај сите феминистички клишеа, верувајте дека и кај мажите е исто. Сепак, доколку живеете заедно некои граници понекогаш знаат да се поминат. Па така немојте да бидете изненадени кога од никаде ќе се испушти некој гас. Впрочем ова не потсети на еден графит во Скопје „И жените прдат и мажите плачат“. Зар не?

Влошки

Постојат многу непедантни жени кои имаат навика да ја фрлат употребената влошка во корпа за време на циклусот, без претходно убаво да ја завиткаат во хартија. Ова може да биде многу непријатно за мажите. Доколку вашата девојка ја има оваа навика, ваше е да и укажете дека тоа не е ок.

Couple-workout

- Реклама -