Oва USB уништува компјутери

Иако малициозниот софтвер нанесува многу повеќе штета отколку само да ги избрише податоците, стравот од тоа да изгубите драгоцени документи останува главна застрашувачка мисла.

usb

Нов тип закана сепак ги крева работите до сосема ново ниво – физичко уништување на вашиот компјутер. “USB убиецот”, кој изгледа како нормално USB, е основано од руски експерт за безбедност, познат како Dark Purple. Наместо да се сместат податоци сепак, овој уред делува како сајбер оружје, уништувајќи го компјутерот преку струен удар кој се случува низ USB интерефејсот. Тоа има двојна цел – може да делува како вирус или во случај на намерно самоуништување (иако тоа е малку како од шпионски филм).

Во пост на својот блог Dark Purple изјави дека USB убиецот може да уништи “речиси секаков вид опрема”, кое има USB интерфејс. Техничките детали остануваат нејасни, па на тоа треба да се гледа со одредена доза сомнеж. Сепак, се чини дека уредот светкавично ослободува електричен полнеж преку USB интерфејс, пишува Mashable.

Прочитајте и:  Како едно погрешно ажурирање ги сруши компјутерите низ светот?

USB убиецот почна да привлекува внимание во март, кога Dark Purple го претстави за прв пат. Новото видео подолу го прикажува во акција уредот што го носи името USB Killer 2.0.

Dark Purple вели дека лаптопот кој изгледа уништен во видеото подолу, ќе “живее”, откако матичната плоча ќе биде вратена и дека е многу малку веројатно дискот да е оштетен, што значи дека информациите на него веројатно не се избришани. Сепак самата идеја би требало да ве направи повнимателни при користењето на USB мемориски стикчиња од непознати извори.

- Реклама -