Ова се ѕвездите кои се зависни од секс

За некои веќе знаевме, за некои се сомневавме, а за некои нема да ни се верува… Како и да е, ова се познатите кои се спротивставуваат на тезата дека сексот е забава за сиромашните.

Линдзи Лохан

Прашањето е дали постои нешто на што оваа млада актерка не е зависна. Беше со речиси сите мажи во Холувуд, но и по некоја жена. „Луѓето кои работат со актерството се многу осамени, не ми се допаѓа кога спијам сама“, рекла Линдзи. Без сомнение пронашла начин да го реши овој проблем.

Тајгер Вудс

Добро, мораме да признаеме дека ова не е докажано, но имаме одлична теорија. Човек со толкава слава, моќ и пари не може да помине без зависност од било кој вид. А има ли поубаво од самиот секс?

Канје Вест

Дали некој е изненаден? Се зборува дека Канје има вакви амбиции уште од кога бил млад. Сега кога негова идна сопруга ќе биде Ким Кардашијан, личноста чије порно видео го има видено повеќе од милион луѓе, можеме дури и со сигурност да тврдиме.

Мел Би

За поранешната членка на женскиот бенд Спајс Грлс се поврзува и една зачинета приказна. Всушност, таа во училиштето во кое одат нејзините деца запознала жена со која започнала страствена љубовна врска, а имајќи во предвид дека тоа не и било доволно, тие добиваат нов член во семејството. Може да се каже дека оваа тројка е сон на секој маж.

Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје

Бритни Спирс

Кралицата на поп музиката (или подобро на скандалите) помина низ различни фази од животот. Што се однесува до сексуалната фаза, можеме да издвоиме дека со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн честопати практикувале секс маратони. Зошто да трошат милиони на теретана кога имаат кревет во станот?

Пит Доерти

Поранешниот дечко на Кејт Мос не е само зависник на различни видови на опијати, но и подеднакво неможе да оддолее на било која жена што ќе се најде пред него. Овој факт не е спорен, но нас повеќе не интересира (со почит кон Кејт), кој со здрав памет ќе се согласи да биде со ваква личност?

Роби Вилијамс

Роби и самиот има признато дека имал секс со голем број на жени, меѓу кои воглавно се нашле неговите обожавателки. Човекот практично е секс машина. Сепак, кога е тој во прашање не можеме да ги обвиниме оние кои „паднале“ на него.

Колин Фарел

Човекот кој веќе неколку пати е снимен како конзумира разни видови на опијати и има секс видео на интернет. Дали е потребно уште нешто да се каже?

Парис Хилтон

Секој кој го погледнал нејзиното секс видео „Една ноќ во Париз“, ја сфаќа количината на секуална желба која таа ја поседува. Како и да е, Париз имаше толку многу врски со различни мажи, па можеме слободно да го преименуваме видеото во „Сите биле во Париз“.

- Реклама -