Ова се најстарите зборови во светот

Доколку на денешен јазик пред 15 000 години би изговориле „Ти, слушај ме! Дај ѝ го огнот на старана жена. Извлечи црн црв и дај ѝ го на мајка ти. И без плукање во пепелта!“ постои голема шанса ловците од Азија да ве разберат или барем дел од тоа што сте го рекле.

Тоа е така поради тоа што именките, глаголите, придавките и прилозите во овие четири реченици останале непроменети од јазикот што исчезнал при крајот на последното Ледено време.

Овие неколку зборови и денес имаат исто значење и звучат речиси идентично како и тогаш.

Постои мислење дека зборовите не може да преживеат повеќе од 8 000 до 9 000 години. Меѓутоа, новата студија тврди поинаку.

Тим од истражувачи составиле листа на зборови кои се сочувани подолго од 150 векови и меѓу нив се наоѓаат зборовите „мајка„, „не“, „што“, „молчи“,„човек“, „црв“ и „пепел“.

Нивното постоење сугерира дека постоел јазик кој бил заеднички „предок“ за преку 700 модерни јазици на кои зборуваат најголем број од луѓето во светот.

„Никогаш сме немале прилика да го слушнеме тој јазик, ниту некаде е запишан. Но, овој јазик бил зборуван, луѓето кои седеле околу огнот разговарале меѓусебно“, смета Марк Пагел, еволуционен теоретичар од Универзитетот во Рединг.

- Реклама -