Ова се хероите кои деноноќно работат и без кои тестовите за коронавирус немаше да бидат возможни

Додека граѓаните – најголемиот број од нив, ги почитуваат мерките на Владата и остануваат дома за да се заштитат себеси и своите најблиски, но и за да го спречат понатамошното ширење на Ковид-19, со големо внимание се чека секој следен прес и секое следно соопштение на кое ќе биде презентиран бројот на позитивните случаи од новотестираните граѓани.

Но, зад тие тестови се кријат конкретни имиња и презимиња, луѓе од кpв и месо, без кои наодите на кои се базира речиси целата стратегија во борбата против Ковид-19 немаше да бидат возможни. Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави заедничка фотографија со овие луѓе, кои практично од крајот на јануари работат во услови на вонpeдна состојба и дневно анализираат голем број материјали од луѓе со симптоми или сериозни индиции на присуство на Ковид-19.

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје – авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома.

Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша Филипче, упатувајќи апел граѓаните да не излегуваат од дома без итна потреба, бидејќи тоа, сепак, е најдобрата стратегија во борбата против глобалната пандемија на Ковид-19.

- Реклама -