Ова се графити, а не дупки во ѕидот (ГАЛЕРИЈА)

Уличните уметници често пати ги нарекуваат дека се уништувачи на околината, но и покрај тоа тие привлекуваат внимание на минувачите. Многу уметници преку својата уметност комуницираат со околината и на тој начин испраќаат своја порака која никој не може да ја игнорира бидејќи на нивните платна нема ограничување. Секој голем уметник на графити има свој стил и тоа ги прави уметниците да бидат посебни на свој начин. Но што го прави овој 34-годишен португалски уметник Виле, различен?

Неговиот суров талент каде што користи единствено спреј во боја и цртајки го своето име прави обичните ѕидови да добијат нова димензија. Неговото име делува како да е издлабено во ѕидот. И тоа го прави само со обичен спреј.

Вили, чие вистинско име е Родриго Мигел Сепулведа Нунес живее во Вила Франка де Ксира, Португалија. Тој започнал со цртање графити од негови 14 години. Проучувајќи ги цртаните филмови, анимации и илустрации. Тој неговите вештини ги надоградувал на тој начин што пробувал да работи со акварел, јаглен, маслени бои, дигитални цртежи и тетовирање. Со текот на времето тој го усовршува цртањето на графити и многу брзо станува меѓународно признат од страна на познати брендови како што се OPEL, TMN, Worten и Црвениот крст од Португалија кој ја претставува неговата уметност.

Сложената улична уметност на Вили ни овозможува да „гледаме низ ѕидовите“. Неговите графити ги мамат луѓето да застанат и да набљудуваат. Не може да поминете, а да не  застанете два пати за да можете да го погледнете убаво графитот. Неговите графити најчесто можат да се сретнат на напуштени згради, неговите детални уметнички дела го изложуваат мистериозниот ентериер што е сокриен од нашите очи.

 

 

- Реклама -