Веќе предупредивме дека деновите на чоколадото му се одбројани. Во најлош случај, има алтернатива, и тоа прилично здрава.
Црното сапоте потекнува од приморските региони во и околу Централна Америка. Тоа е овошје слично на јапонското јаболко, а е култивирано најмногу на Карибите, како и во Мексико, Австралија и Филипините. Расте на дрво, а кога е зрело за берење изгледа како зелен домат.
Екстремно важно е да не се бере пред да созрее и да не се јаде веднаш штом се набере од дрвото. Недозреаното црно сапоте не само што нема вкус на чоколадо, туку предизвикува и гадење, до степен на повраќање. Дополнително, ако го наберете пред да созрее, плодот едноставно ќе скапе, што пак се разбира во никој случај не го подобрува вкусот.
Добрата вест е дека ако се набере на време, црното сапоте совршено ќе созрее за само 3 до 6 дена по бербата. Кога ова ќе се случи, претходно белото месо на плодот станува темно-кафено и добива специфичен вкус, кој заедно со текстурата слична на папајата, прави луѓето да го споредуваат со чоколаден пудинг. Се разбира, пулпата може да се јаде и свежа, без лушпа, но со оглед на слаткиот вкус, се користи и во многу рецепти како замена за чоколадо.