Иако последните две недели вестите околу разводот на Аца Лукас и Соња ги полнеа таблоидите, изгледа дека нивната приказна е далеку од готова.
Пејачот пред неколку дена замина во Германија за да биде присутен на прославата на четвртиот роденден на Викторија, заедничката ќерка со Соња. Парот средбата исто така ја искористи, за да ги надминат разликите и неофицијално може да се каже дека тие се на чекор до смирување.
Инаку, во минатите интервјуа, Лукас и самиот имаше признаено дека Соња е единствената жена која му го променила мислењето околу бракот и дека сите претходни неуспеси во врските, се должат токму на тоа што девојките се обидувале да му вршат притисок или како што самот кажува, да му врзат јаже околу вратот.
Дали парот ќе дозволи да влијаат емоциите во донесувањето на конечната одлука, останува да видиме.