Можеби си помислувате дека се работи за шега, но работите се многу сериозни кога станува збор за iPhone. Верувале или не, луѓето се подложуваат на сешто за овој телефон, а последната вест која доаѓа занимлива дури за Хонг Конг е вистински пример за тоа. Да, ова што го гледате е човек кој е сиот обложен во iPhone-и.
Ако се прашувате, зошто по ѓаволите го направил тоа, одговорот е многу едноставен – шверц. Кога царинските службеници во пристаништето во Кина го виделе мажот кој се издвоил од толпата со чудното одење, вкочанетост на зглобовите и мускулна напнатост, почнале да се сомневаат. Излегува дека тој се обидел да пренесе шверцувани 94 iPhone-и во земјата.
Осомничениот пристигнал на пристаништето со две пластични кеси. Тие биле проверени педантно и ништо сомнително не било пронајдено, но кога бил принуден да помине низ детекторот за метал, веднаш се вклучиле алармите и на тој начин бил фатен од страна на надлежните. Откако се соблекол, органите ги откриле сите 94 телефони залепени по неговото тело, а глетката е болна, како што можете да заклучите и самите.