За луѓето, особено постарите од 50 години, едно јаболко дневно може да биде ефективен лек. Британските доктори веруваат дека само со конзумација на таа овошка можат да се спречат над 8500 срцеви удари на годишно ниво.
Ако јадете едно јаболко на ден, можете да го спречите срцевиот удар, а тоа би било еднакво ефикасно како земањето на разни лекарства, порачуваат научниците од универзитетот Оксфорд.
Др. Адамс Бригс од универзитетот Оксфорд вели: „Со едно јаболко дневно можете да го заштитите здравјето. Ова истражување покажува дека делотворните мали промени во вашата исхрана можат да доведат до вистинска превенција во спречувањето на срцевиот или мозочниот удар.“
Научниците пресметале дека ако секој во својата секојдневна диета внесе една порција овошје и зеленчук, како што се јаболката, ќе има 12 проценти помал ризик од опасните удари. Колку повеќе зеленчук и овошје јадете, толку е поголема заштитата од прерана смрт и разни болести.