Обрајќајќи му се на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иранскиот претседател порача оти Иран не поттикнува воени конфликти, но силно одговара на секоја закана
Ова е само дел од нашата моќ, предупреди иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по вечерашниот ракетен напад на Иран врз Израел и испрати порака „да не се влегува во конфликт со Техеран“.
„Врз основа на легитимните права, со цел мир и безбедност за Иран и регионот, дадовме решителен одговор на агресијата на ционистичкиот режим. Акцијата беше во одбрана на интересите и граѓаните на Иран“,
напиша иранскиот претседател во објава на Икс по вечерашниот напад врз Израел.
Обрајќајќи му се на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иранскиот претседател порача оти Иран не поттикнува воени конфликти, но силно одговара на секоја закана.
Во вечерашниот напад на Иран, според проценките на САД, кон Израел се истрелани 200 балистички ракети.
Израел вети дека соодветно ќе одговори на иранскиот напад, за кој кажа дека ќе има последици.