Ова е растението кое ќе ја замени сијалицата (ВИДЕО)

Инженерите ја создадоа првата билка која произведува светлина. Ова чудесно „суштество“ било создадено како дел од истражувањата во областа на синтетичката биологија.

Растението е направено со спојување на гените на бактерии кои светат (слично како светулките) и Nicotiana alat, вид на украсен тутун.

Во текот на последните три децении за неколку врсти на растенија се тврдеше дека можат да светат. Меѓутоа, за да светат, мора да бидат обоени со посебни бои или требало да бидат изложени на ултравиолетова светлина (UV). Ова вкрстување на тутун и бактерии е првото кое засветило самостално, без додатна помош. Растението може, баш како светулките, да свети цел свој живот. Компанијата Bioglow, која ја произведе оваа билка, тврди дека нивната цел е да произведат почиста, поеколошка и поефикасна алтернатива на електричното светло.

- Реклама -