Според официјалните податоци, првиот порно филм во историјата е “Le Coucher de la Mariee”, т.е. „Дилемата на невестата“. Автор е Ежен Пиру. Снимен е во 1896 година, a траел седум минути.
Кога се појавил предизвикал вистинска еуфорија, и покрај тоа што од денешен аспект би го окарактеризирале како тотално отсуство на „акција“.
Главната улога ја толкувала Луиз Вили. Невестата стои зад параван и почнува да се соблекува. Тука е проблемот. Филмот стоел заташкан во Францускиот филмски архив, и откриен е дури во 1996 година. Преживеани се само околу 2 минути од вкупниот 7-минутен материјал. Или во превод, само сцената со соблекувањето.
Сепак, ни дава прилика да ѕирнеме како тоа изгледало пред 120+ години.