Ова е новото жири на шоуто „Ѕвезде гранда“

Почнува новата сезона на музичкото шоу „Ѕвезде Гранда“. Изгледа дека овој пат ке биде доста возбудливо судејќи по самото жири во шоуто. Снимањето на шоуто е веќе почнато и како членови на жирито се вбројуваат : Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Марија Шерифовиќ, Шабан Шаулиќ и како гостин во жирито е Аца Пејовиќ.667518_zvezde-granda-ziri_ff

Не изненади присуството на Јелена во жирито, но она изјави дека  ќе биде директна и праведна.

Изгледа дека српската пејачка сепак има малку трема, па откако испеа една песна за малку ќе паднеше пред своето столче.

Засега Јелена беше воодушевена од натпреварувачите и тие го добија нејзиното „да.“

- Реклама -