Јакутск е главниот град на Република Јакутија и се наоѓа на 450км од арктичкиот круг. Тоа значи дека секој човек кој живее во Јакутск, треба да преживее застрашувачки температури.
Јакутск е познат како најстудениот град во светот, а за нас официјално е последното место на кое би сакале да бидеме.
Арктичките температури можат да го уплашат секој посетител.
Во зима, дури и најпознатите жители на Јакутск не остануваат надвор повеќе од 20 минути.
Единствениот начин да преживеете во замрзнатиот град е ако седите на затворено.
Јакутск не само е најстудениот град, туку и доживува најголеми температурни разлики во текот на годината.
Просечните месечни температури се од +20 º C во јули до -35 º C во јануари.
Луѓето ги чуваат своите автомобили во загреани гаражи, покриени со ќебиња.
Повеќето во Јакутск носат волнени алишта.
Смрзнатини до смрт е вистинска опасност во овој град.
Локалните ги предупредуваат туристите да не носат очила надвор.
Во Јакутск сакаат да се фалат со големиот број езера во регионот и фактот дека таму може да се открие секој елемент од периодниот систем.
Но го забораваат најважното …
Дека успеваат да преживеат на ова место.