Дваесет и двегодишната манекенка Александра Ања Севиќ не ни пoмислувала дека ќе стане еден од најбараните модели во светот.
Таа во јануари, шетајќи го своето куче во Сремска Митровица, е запрашана дали сака да работи како модел.
Понудата ѝ била дадена од познатата манекенка Агнета Азировиќ, која била на гости во Сремска Митровица кај свои роднини.
Александра рекла дека би сакала да го работи тоа, но дека нема шанси бидејќи тогаш имала 10 килограми вишок. Со помош на Агнета и модната агенција „Кристал“ таа успеа да ослабне за само шест месеци и веќе ги освојува светските модни писти.