Во двата сефа на Аркан кои вчера биле отворени во Комерцијалната банка, не пронашле ништо.
Сефовите се пробиени, бидејќи клучевите за нивното отварање „не се пронајдени“. Тајните трезори на Ражњатовиќ на сила се отворени во присуство на претставници на полицијата и обвинителството. Од членовите на семејството, некогашниот командант на српската волонтерска гарда никој не се пријавил, вклучувајќи ја и сопругата Светлана- Цеца Ражњатовиќ, која не одговарала на поканата да дојде во банката.
– Бев повикана да присуствувам на отварањето на сефот, но не отидов затоа што не сакам да учествувам во таков циркус. Претпоставував дека сефовите се празни и дека во нив нема ништо. Медиумите со денови креваа прашина, правејќи неверојатни конструкции, но повторно немаше резултат…- рекла Ражњатовиќ.
На прашањето зошто не ги предала клучевите од сефовите, туку мораше да биде обиен, вдовицата на Аркан кажала:
– Не ги ни имав клучевите од сефовите, се собраа за време на акцијата „Сабја“ со останатите работи на Жељко.
Вчерашниот преглед не ја разрешил до крај мистеријата за тајните сефови на Аркан. Останува непознато дали и што во нив Ражњатовиќ чувал, кога се евентуално испразнети и дали тој тоа го направил или некој друг. Според образложението од Конерцијалната банка, упатено до повисокиот суд во Белград, Ражњатовиќ сефовите ги немале отворено 14 години, а нивното постоење банката го известила судот веднаш по атентатот на Аркан.