Отворена аудиција за сите за филмот „Дедо Страхил“

Во петок, 13 септември, од 11 до 18 часот во просториите на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – Европска Филмска Академија ЕСРА ќе се одржи отворена аудиција за непрофесионални актери и статисти за потребите на краткиот филм со работен наслов „Дедо Страхил“, кој е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

На аудицијата може да се пријават сите без разлика на возраста. За повеќе информации заинтересираните може да се информираат на фејсбук страната на филмот.

- Реклама -