Отворен е повикот за пријави за театарски претстави, кратки филмови и работилници за програмата на претстојниот 32 Меѓународен состанок на Академиите и Факултетите за драмски уметности SKOMRAHI, закажан за 1-5 ноември 2024 година во ФДУ Скопје и низ различни локации во Скопје.
„Во нашиот свет преполн со отуѓување и алчност, хиерархија и милитаризам, експлоатација и извлекување, ксенофобија и расизам, падот на човештвото се пренесува во живо на нашите телефони.Што можеме да направиме за ова како уметници? Како нашата уметност може да биде релевантна и рефлектирачка? Дали воопшто може да преживее на овој свет? Можеме? Оваа година, СКОМРАХИ ги поканува младите театарски и филмски работници да бараат поинаков начин да бидат“, порачуваат оранизаторите на СКОМРАХИ 2024: Дионизација сега.