Отворен повик за учество на Паратисима Скопје

12900121_10153509109102584_1442294512_n

Интернационалниот саем на современа уметност – Паратисима Скопје, отворено ги повикува сите заинтересирани на учество на третото издание, кое ќе се одржи од 10-12 јуни во Младинскиот културен центар, Скопје. Повикот важи за периодот од 15 јануари – 30 април. Во него стои:

„Ако си визуелен уметник, архитект, фотограф, дизајнер, моден дизајнер, режисер, или пак би сакал/а да се претставиш со перформанс, мултимедијален проект или било кој друг уметнички или креативен формат, Паратисима Скопје те поканува да го споделиш своето дело со нова и широка публика“. 

Поканата е отворена за сите академски уметници, автори во подем и работници во полето на креативноста и ги охрабрува сите заинтересирани да експериментираат и да ги трансформираат конвенционалните граници во изразот и уметничкото дело.

Повеќе информации на следните линкови:

Линк до отворениот повик: http://paratissimaskopje.mk/mk/otvoren-povik/

Официјална веб страна: https://www.paratissimaskopje.mk

Facebook: https://www.facebook.com/paratissimaskopje/

Youtube: https://www.youtube.com/channel/UCs7WQZ3rixqabQZ9A_B3L7w

- Реклама -