Хотелот нуди поглед од птичја перспектива на еден од најспектакуларните урбани пејсажи во светот. А ако посетителот не може да се задоволи гледајќи во светкавите кули на Хонг Конг од својата соба, има и други начини за поминување на времето. Шест ресторани, една од највисоките луксузни бањи во светот и базен кој има поглед кон пристаништето.
Ако и тоа не е доволно, посетите на располагање имаат и шопинг центар кој покрива 93.000 метри квадратни. Риц-Карлтон Хонг Конг официјално стана највисокиот хотел во светот, и четвртата зграда по висина во светот, вчера кога официјално започна со работа. Сместен на врвот на зградата на Меѓународниот Центар за Трговија, хотелот има 312 соби од 102-от до 118-от спрат од кои сите имаат поглед на градот и пристаништето.
Херве Хумлер, претседателот на ланецот луксузни хотели изјавил дека зградата е значаен хотел и кулминација на многу години напорна работа. „Ние успеавме да создадеме нешто навистина спектакуларно за да можеме да ги пречекаме нашите гости не само во највисокиот хотел во светот, туку и во еден од најдобрите хотели во светот“ додал тој. „Ние го издигаме луксузот во нови височини во секоја смисла на зборот.“