Отворен конкурс за селектор на фудбалската репрезентација на Англија

Герет Саутгејт ја напушти функцијата селектор на Англија по поразот во финалето од Шпанија на ЕП 2024 и местото сега е испразнето.

Токму поради оваа причина, раководството на ФА официјално објави конкурс на кој може да се пријави секој кој ги исполнува бараните услови.
Мора да има УЕФА Про лиценца, мора одлично да го познава англискиот фудбал, има големо искуство, како и добри резултати во Премиер лигата и на меѓународна сцена. Исто така, се наведува дека мора да бидат присутни и лидерски квалитети.
Целта е да се победи на големо натпреварување – европско или светско првенство.
Рокот за пријавување е 2 август, по што ќе се анализираат апликациите.
Заинтересираните повеќе информации може да најдат на следниот ЛИНК.
А дебито на новиот селектор на Англија се очекува да го има на 7 септември во Лигата на нации против Ирска.

Извор