Откритие на неделата: Како да скротиш White Walker

По повод почетокот на новата сезона на Game Of Thrones, Белград се претвори во шеталиште на главните негативци од серијата – White Walker-ите. Прошетката под маски (кои се подготвуваа неколку часа) заврши во Домот за млади, каде за најверните фанови премиерно беше емитувана првата епизода од седмата сезона (која претходната вечер ја имаше својата премиера во САД).

Како и да е… Обожавателите на серијата знаат дека најдоброто оружје против White Walker-ите е вулканското стакло „обсидијан“, во Вестерос познато како „dragonglass“. Но, излезе дека има и алтернатива. Овде на Балканот ја викаме компот/слатко. Точната состојка ја знаат вашите баби. Наша слободна проценка е – смокви.

 

- Реклама -