Претворањето на сончевата светлина во гориво се нарекува вештачка фотосинтеза и до неодамна можеше да се каже дека е исклучително тежок и скап процес.
Веќе не – научниците од Универзитетот во Флорида Florida State University измислија начин кој многу лесно ја вади потребната енергија од светлината, која потоа може да биде претворена во кислород и водород.
Идејата на научниците вклучува материјал направен од еден слој манган оксид; за разлика од сегашните технологии како соларни панели, кои имаат потреба од неколку слоеви клетки само за да можат да работат.
Се разбира овој развој е далеку од тоа да стане комерцијален успех, со оглед на тоа што сè уште е на ниво на лабораториски тестови. Само замислете што би можел да ни донесе ваквата технологија во иднина – покриви на куќи кои произведуваат чист кислород, автомобили на водород кои сами го генерираат горивото и многу друго … Можностите оттука натаму се неограничени.