Откриено е кога жените најмногу сакаат да станат мајки

Истражувањето спроведено на Универзитетот Бокони во Италија покажало дека мајчинството е заразно.

Истражувачите откриле дека жените имаат поголема потреба за дете откога ќе откријат дека нивните средношколски врснички станале мајки.

„Оваа појава е најизразена по завршувањето на средното школо, а кулминацијата ја достигнува две години подоцна. Потоа со текот на времето се намалува сè додека долгорочно не се занемари“, вели ко-авторката на студијата Николета Балбо.

Таа истакна дека ова истражување покажува дека одлуките за потомство не се само под влијание на индивидуалните преференци, туку и од друштвото со кое сме опкружени. Влијанието на пријателите делува на некои одлуки и однесување на поединецот, баш како што друштвото со кое се дружиме може да влијае и на тоа дали пушиме, пиеме или вежбаме.

Screenshot_14

„Да се биде опкружен од пријателки кои веќе станале мајки создава одреден притисок врз жените кои сеуште не родиле“, објаснува Балбо и додава дека пријателките можат да бидат одличен извор и поддршка за мајчинството со нивните искуства, совети и помош.

- Реклама -