Читањето на придушено светло нема да ви го оштети видот, не треба да
пиете осум чаши вода на ден за да бидете здрави и бричењето на нозете
не го забрзува растот на влакната. Овие познати теории се едни од
седумте "митови во медицината" што беа објавени во есеј што излезе во
Британскиот медицински журнал којшто обично во божиќното издание
објавува позабавни текстови.
Читањето на придушено светло нема да ви го оштети видот, не треба да пиете осум чаши вода на ден за да бидете здрави и бричењето на нозете не го забрзува растот на влакната. Овие познати теории се едни од седумте "митови во медицината" што беа објавени во есеј што излезе во Британскиот медицински журнал којшто обично во божиќното издание објавува позабавни текстови.
Двајца американски истражувачи ги анализирале седумте општи уверувања и пребарувале по архивите за да најдат докази како поткрепа.
Иако во популарните печатени медиуми често може да прочитате дека дневно треба да испиете осум чаши вода, научниците не најдоа научни докази за оваа правило.
Недостатокот од докази бил забележан во студија што излегла во Медицинскиот журнал за психологија, велат тие.
Останатите шест митови се:
– Читањето на слабо светло ќе ви ги расипе очите.
Мнозинството офтамолози сметаат дека ова не може да предизвика трајни оштетувања, но може да ве тера да подзамижувате, да трепкате почесто и да имате проблем со фокусирање, велат истражувачите.
– Бричењето го забрзува растот или го прави влакното поостро.
Бричењето нема влијание врз брзината на раст или густината на влакната, велат истражувачите. Но подраснатите бричени влакна повеќе боцкаат од депилираните и затоа изгледа како да се поостри.
– Јадењето мисиркино месо успива.
Мисиркиното месо содржи аминокиселина наречена триптофан што предизвикува поспаност и го контролира расположението. Но ова месо не содржи повеќе од оваа киселина отколку пилешкото месо или меленото говедско. Јадењето многу храна и пиењето за Божик најверојатно се вистинската причина за поспаноста.
– Човекот користи само 10 отсто од мозокот
Овој мит се појави во 1907 година, но сканирањата на мозокот покажуваат дека ниту еден дел од мозокот не мирува или е целосно неактивен.
– Влакната и ноктите продолжуваат да растат по смртта.
Оваа идеја може да потекнува од хорор романите. Истражувачите велат дека кожата се суши и повлекува по смртта, како што може да изгледа како влакната и ноктите да пораснале.
– Мобилните телефони се опасни во болниците.
Иако постои општа загриженост, студиите покажуваат дека мобилките предизвикуваат минимална интерференција во работата на медицинската опрема.
Истражувањето го спровеле Арон Карол, асистент по педијатрија при Институтот "Регенштриф" во Индијанополис, и Рејчел Вриман, асистентка во истражувањата на детското здравје при Медицинскиот универзитетот на Индијана. виа.