Според NASA, Џек Скадер – истражувач од Универзитетот од Ајова – открил „скриени портали на Земјиното магнетно поле кои се отвараат и затвараат десетина пати во текот на денот“. Некои од нив остануваат отворени и подолго.
Скадер вели дека овие портали „создаваат непрекинат пат кој води од нашата планета до атмосферата на сонцето која се наоѓа на 149.668.992 километри од нас“. Познати како X-points или региони на дифузија на електрони, кои се наоѓаат на десетици илјади километри од Земјата.
Порталите се создаваат преку процес на магнетна реконекција во која линии магнетни сили и од Земјата и Сонцето се мешаат и пресекуваат низ вселената. Пресекувањето ги создава овие X-points. Порталите се „невидливи, нестабилни и тешки за наоѓање“ отварајќи и затворајќи се без предупредување. Кога се отворени тие можат да транспортираат енергетски честички од атмосферата на Сонцето, предизвикувајќи геомагнетни бури.
Има начин за нивно откривање и Скадер го нашол. Тој користи податоци од вселенското летало THEMIS на NAS и Cluster сондите на ESA. „Користејќи Поларни податоци ние откривме пет едноставни комбинации за мерење на магнетни полиња и енергетски честички кои покажуваат дека сме налетале на X-point или регион на дифузија на електрони. Едно вселенско летало со соодветна инструментација може да ги прави овие мерења.“
NASA подготвува токму такво летало за Magnetospheric Multiscale Mission. Четири вакви летала ќе бидат испратени околу Земјата и „ќе ги опкружат порталите за да набљудуваат како тие функционираат.“ Овие летала ќе бидат лансирани во 2014 година.