Спектакуларни животински видови кои претходно биле непознати за остатокот од светот се откриваат во амазонската прашума со брзина од еден нов вид секои три дена. Овие нови видови се опишани во извештај на WWF објавен вчера. Анаконда со должина на лимузина, пајак со сини заби и неколку отровни жаби се само дел од 1220 животински и растителни видови откриени во периодот од 1999 до 2009.
Спектакуларни животински видови кои претходно биле непознати за остатокот од светот се откриваат во амазонската прашума со брзина од еден нов вид секои три дена. Овие нови видови се опишани во извештај на WWF објавен вчера. Анаконда со должина на лимузина, пајак со сини заби и неколку отровни жаби се само дел од 1220 животински и растителни видови откриени во периодот од 1999 до 2009.
Извештајот бил објавен на самит на Обединетите Нации кој се одржува во Јапонија во напор да се намали масовното изумирање на животински видови во целиот свет. Франциско Руиз од WWF, организација за заштита на животната средина, вели: „Овој извештај јасно го покажува неверојатниот биодиверзитет во Амазон. Но овој неверојатен регион е под притисок поради присуството на човекот. Пејсажот брзо се трансформира.
Сечењето дрва и правењето полиња за земјоделските гранки како одгледувањето на добиток и плантажи со палми имаат придонесено кон уништување на 17 проценти од прашумата – територија двапати поголема од Шпанија – во минативе 50 години. Организацијата ги составила извештаите на научници направени во последните десет години за да го потенцираат опсегот на уништување на биодиверзитетот кој може да настане, без наше знаење, додека се чистат полињата. „Ова е јасно потсетување за тоа уште колку многу работи треба да научиме за регионот, и што можеме да загубиме ако не го промениме начинот на кој мислиме за развојот“ додал Руиз.
Едно од најневеројатните откритија е четири метарска анаконда во долините на провинцијата Пандо во Боливија во 2002. Ова бил првиот нов вид на анаконда откриен од 1936 година, и вкупно четвртиот тип на ваков рептил. Во прашумата биле откриени вкупно 55 видови на рептили, меѓу кои се и два членови на видот Elapidae – најотровната фамилија на змии во светот, поотровна дури и од кобрите и тајпаните. Откриен бил и голем број на жаби во разни бои, вклучително и 24 од познатите отровни жаби од кои домородците прават отровни стрели, како и една проѕирна жаба.
Минимум 500 видови на пајаци биле откриени, меѓу кои бил еден со целосно кафеава боја, со исклучок на сините заби. Триесет и девет нови цицачи, вклучувајќи и розев речен делфин, седум типови на мајмуни и два видови на еж. Меѓу 637-те нови растителни видови имало нови типови на сончоглед, бршлен и неколку видови на ананас. Амазон е дом на речиси 40000 растителни видови, и според извештајот некои региони се посебно богати. Во извештајот се спомнуваат 1000 нови растенија откриени на површина од само еден хектар во низинските прашуми во Еквадор, и 3000 видови на површина од 24 хектари во Колумбија.
Во обид да ја спаси прашумата, бразилската влада соработувала со WWF, Светската Банка и други организации на воспоставување заштитени зони кои покриле површина од 32 милиони хектари во последниве шест години. Според WWF напорите за заштита, во кои се вклучиле и други земји треба да послужат како модел за заштита на прашумите во целиот свет. [Spectacular unknown species found in Amazon]