Откриена погодна планета надвор од сончевиот систем

Погодната планета со димензии, идентични на оние на Земјата, беше oткриена надвор од Сончевиот систем.

Откритието е на астрономот Томас Баркли од Истражувачкиот центар на НАСА во Калифорнија. Тој користел податоци од вселенскиот телескоп „Кеплер”, пренесува “Дејли мејл”. Веста беше соопштена на конференција во Аризона, посветена на побарувачката на живот надвор од сончевиот систем.

Баркли верува дека открил нов ѕвезден систем од пет планети кои кружат околу ѕвезда-џуџето М1. Планетата се уште нема име. Таа е откриена  во орбитата на неидентификувана ѕвезда, во регион кој зрачи доволно енергија, светлина и топлина, за да може на планетата да има вода. М Џуџињата се ѕвезди многу помали и послаби од Сонцето. Нашето сонце е G џуџе.

Се претпоставува дека надворешната планета во ѕвездениот систем на Баркли е 1, е 1 пат поголема од Земјата и орбитира во погодна зона за живеење на џуџето M1. Досега телескопот “Кеплер” откри речиси 3.000 кандидати планети надвор од Сончевиот систем, од кои  за една петтина се верува дека се „супер Земји”, т.е. помеѓу 1,25 и 2 пати поголеми од Земјата.

- Реклама -