Европските астрономи открија небесно тело за кое тие мислат дека може
да биде планета налик Земјата, оддалечена 20 светлосни години од нас во
соѕвездието Либра.
Уметнички цртеж за околината на новата планета
Европските астрономи открија небесно тело за кое тие мислат дека може да биде планета налик Земјата, оддалечена 20 светлосни години од нас во соѕвездието Либра.
Планетата наречена Gliese 518c е 50% поголема од Земјата(5 пати помасивна) и орбитира околу црвено џуџесто сонце на дистанца која би можела да поддржи вода и најверојатно живот.
„Доколку го гледате универзумот како мапа на богатство, тогаш сигурно би сакале да го обележите ова место со X“ – вели Ксавиер Делфосе кој е дел од истражувањето.
Компјутерските модели предвидуваат дека Gliese 581C e или карпеста планета како Земјата или пак воден свет покриен целосно со океани. Температурата на оваа супер-Земја се движи од 0-40C степени, со што водата би била во течна состојба.
Научниците се надеваат дека ќе имаат можност подобро да ја истражат оваа планета кога новиот Ален телескоп ќе биде поставен летово.
Major Discovery: New Planet Could Harbor Water and Life