Откриена „невозможна“ планета

невозможна планетаПланетата, која можеби не е невозможмна но во секој случај е неверојатна, била откриена во орбита околу многу стара ѕвезда, за која научниците веруваа дека не може да подржи планети. Пред откривањето на овој гасем џин, научниците немаа откриено ниту една планета која орбитира околу стара ѕвезда. Но, она што е најинтересно е што планетата потекнува од друга галаксија.

Планетата, која можеби не е невозможмна но во секој случај е неверојатна, била откриена во орбита околу многу стара ѕвезда, за која научниците веруваа дека не може да подржи планети. Пред откривањето на овој гасем џин, научниците немаа откриено ниту една планета која орбитира околу стара ѕвезда. Но, она што е најинтересно е што планетата потекнува од друга галаксија.

невозможна ѕвезда

Научниците не очекувале да најдат планета околу оваа ѕвезда, бидејќи ѕвездата не ги содржи металите кои се потребни за формирање на планети. Ѕвездата, на изненадување на научниците е и стара, и не содржи метали, а како врв на сè таа има влезено во стадиум на црвен џин. На фотографијата може да се забележи дека гасниот џин е во опасност да биде проголтан од ѕвездата.

Планетата е невозможна поради три причини, сите поврзани со екстремната состојба на нејзината ѕвезда. А за ситуацијата да биде уште почудна, според положбата на планетата, таа веќе би требало да биде уништена од ѕвездата. Но тоа не е ништо споредено со нејзиното потекло. Оваа ѕвезда е дел од група ѕвезди кои потекнуваат од сателит галаксија која била привлечена и проголтана од гравитацијата на Млечниот Пат пред неколку милијарди години. Слободно може да се претпостави дека оваа планета е постара од овој настан, што ја прави првата откриена ѕвезда која не потекнува од нашата галаксија. [A Giant Planet Around a Metal-Poor Star of Extragalactic Origin]

- Реклама -