Откриена најмасивната ѕвезда досега

Повеќе...Астрономите се изненадени од најновото откритие: најголемата ѕвезда-џин откриена досега. Ова претставува револуција во астрономијата, како и во идните истражувања во длабоката вселена. Ѕвездата не само што е откриена, туку и веднаш е измерена.

Астрономите се изненадени од најновото откритие: најголемата ѕвезда-џин откриена досега. Ова претставува револуција во астрономијата, како и во идните истражувања во длабоката вселена. Ѕвездата не само што е откриена, туку и веднаш е измерена.

new-largest-star-size_23713_600x450

Новопронајдената ѕвезда го сруши рекордот за најмасивната ѕвезда досега видена, потврдија астономите. Тежи 256 пати колку масата на Сонцето, но порано била и поголема – дури 320 пати колку масата на Сонцето. Ова ново откритие може да ги измени законите на ѕвездената физика, бидејќи се мислеше дека ѕвезда со толкава маса е премногу нестабилна за да преживее.

„Сите сме навистина изненадени, бидејќи се досега астрономската заедница претпоставуваше дека најголемата граница за ѕвезди е околу 150 пати колку масата на Сонцето“, вели ко-авторот на истражувањето, Ричард Паркер, астроном на Универзитетот во Шефилд, Велика Британија. „Овој џин навистина е револуција за тоа како ние размислуваме – како ѕвездите се раѓаат и умираат во галаксиите“.
070607_massive_star_02_copy
Дали најголемата ѕвезда може да експлодира одвнатре?

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Тимот на Паркер ѕвезденото чудовиште го откри на сликите од опсерваторијата во Чиле. Ѕвездата се наоѓа во густа група на други жешки, млади и масивни ѕвезди во галаксијата Млечен Пат. Ѕвездата, наречена Dubbed R136a1, е толку масивна што го гори своето хидрогенско гориво толку брзо при што се претпоставува дека таа е стара околу милион години. За споредба, нашето Сонце е старо околу 5 билиони години и би траело уште 5 билиони.

„Бидејќи местата каде што може да се собере доволно гас за да се оформи олку масивна ѕвезда се ретки, можеби го гледаме лимитот на тоа колку една ѕвезда може да стане голема“, додаде Паркер.

„Ова ѕвездено изненадување
може да биде доказ за ретка класа на супернасилни експлозии познати како нестабилни супернови“. Најмасивните ѕвезди генерално умираат во големи експлозии и оставаат или неутрони ѕвезди или црни дупки.

„Овој брзосогорувачки џин може да биде толку голем што сам би се разнел во титанска екплозија, без да остави никаква трага зад себе – заштитиниот знак на нестабилни супернови“, рече Паркер. „Среќни сме што го откривме“. [Most Massive Star Discovered]

- Реклама -