Откриена Божјата честичка

На прес-конференција идната недела научниците од Cern ќе објават дека Хигс-Босон честичката, попозната и како „Божја честичка“ е откриена.

Пет водечки теоретски физичари биле поканети на настанот во среда – што поттикна шпекулации дека честичката била откриена. Од научниците кои работат на Големиот Хадронски Судирач се очекува да изјават дека се 99,99 проценти сигурни дека честичката е откриена. Физичарите првпат го предвидоа постоењето на Хигс-Босон субатомската честичка пред 48 години.

Питер Хигс од Универзитетот во Единбург, човечкот по кого е именувана честичата, е еден од физичарите поканети на прес-конференцијата во Швајцарија. Менаџментот од Cern сакаат двата тима научници да го достигнат „пет сигма“ нивото на сигурност со нивните резултати – односно 99,99995 проценти сигурност.

Том Кибл, професор по физика од Imperial College London исто така бил поканет. Тој изјавил: „Претпоставувам дека мора да има доста позитивен резултат штом нè бараат.“ Хигс-Босон честичката се смета за клучот за разбирање на универзумот. Физичарите велат дека нејзината задача е им даде маса на честичките кои прават атоми.

Без оваа маса честичките би се движеле низ космосот со брзина на светлината, без способност за меѓусебно врзување за создавање атоми кои составуваат сè во универзумот, од планети до луѓе. Судирачот кој се наоѓа во кружен тунел долг 29 километри под границата помеѓу Франција и Швајцарија, судира протони со брзини блиски до брзината на светлината во обид да се создадат слични услови како оние кои постоеле една секунда по Биг Бенг.

Ако теоријата на физичарите е точна, неколку Хигс-Босон честички би биле создадени во секои трилион судари, пред да се распаднат набрзина. Распаѓањето би оставило трага која ќе се појави на нивната опрема. Но, и покрај изведувањето на 1600 трилиони судири во тунелот имало помалку од 300 потенцијални Хигс-Босон честички.

Сега има мислење дека два посебни тимови научници, кои вршат експерименти независно и во тајност, дошле до доказ за честичката. Но од двете групи, CMS и ATLAS, се очекува да престанар со експериментите пред да најдат докази.

- Реклама -