Астрономите ја откриле најсилната неутронска ѕвезда. Оваа супер густа ѕвезда, која се наоѓа на 3000 светлосни години од Земјата, и е околу двапати помасивна од Сонцето, што значи дека е 20 проценти поголема од претходниот рекордер. Како и сите други неутронски ѕвезди, и кај оваа материјата е компресирана во неверојатно мал простор, најверојатно голем колку центарот на голем град како Лондон.
Астрономите ја откриле најсилната неутронска ѕвезда. Оваа супер густа ѕвезда, која се наоѓа на 3000 светлосни години од Земјата, и е околу двапати помасивна од Сонцето, што значи дека е 20 проценти поголема од претходниот рекордер. Како и сите други неутронски ѕвезди, и кај оваа материјата е компресирана во неверојатно мал простор, најверојатно голем колку центарот на голем град како Лондон.
„Типичната големина на неутронска ѕвезда е со радиус од околу 10 километри“ вели доктор Пол Деморест од Националната Радиоастрономска Опсерваторија во Шарлотсвил, САД. „Таа има големина на град, што е интересно за астрономско тело бидејќи луѓето лесно можат да си ја замислат неговата големина; а сепак во таа големина има маса која во случајов е двапати поголема од онаа на Сонцето. Значи големината е лесна за разбирање, но густината е многу поекстремна од било што што може да се најде на Земјата“ изјавил Деморест за ВВС.
Ова откритие е важно, бидејќи поставува ограничување на типот на егзотична материја од која може да се создаде неутронска ѕвезда. За ваквите тела се претпоставува дека се остатоци од јадрата на џиновски ѕвезди кои експлодирале на крајот на нивниот живот. Според теоријата атомската материја која не била разнесена во експлозијата пропаднала во тело составено само од неутрони – малите честички кои се наоѓаат во јадрата на многу атоми. Покрај тоа што се неверојатно компактни, јадрата исто така ротираат со неверојатна брзина.
Оваа ѕвезда, класифицирана како PSR J1614-2230, ротира 317 пати во секунда. Ова се нарекува пулсар, бидејќи испраќа радио бранови кои се регистрираат како радио пулсеви секој пат кога поминуваат преку Земјата. Пулстовите потсетуваат на чукање на часовник, што значи дека стабилните неутронски ѕвезди се ултра прецизни часовници. Тимот, користејќи го Телескопот Green Bank во Западна Вирџинија ја измериле масата на ѕвездата преку мерење на ротациите.
Бидејќи PSR J1614-2230 врти околу друга ѕвезда, кога нејзините пулсови стигнуваат на Земјата тие се пореметени од гравитацијата на нејзиниот сосед. „Кога пулсовите поминуваат крај другата ѕвезда тие забавуваат.“ Користејќи го овој ефект астрономите успеале да ја пресметаат масата на двете тела. Масата на пулсарот изнесува 1,97 од масата на Сонцето – што е значително повеќе од претходниот рекорд од 1,67 солрани маси. [Neutron star packs two Suns’ mass in London-sized space]