Сеизмичките податоци од роботската сонда „Инсајт“ на НАСА сугерираат дека под површината на Марс постои огромна количина на вода – не мраз, туку вода во течна состојба.
Податоците покажуваат дека на Марс постои огромен течен океан. Мисијата „Инсајт“ на НАСА започна во 2018 година со цел да забележи сеизмичка активност на Црвената планета.
Оваа нова анализа е уште еден показател кој сугерира дека водата на Марс не испарила кога таа планета, пред неколку милијарди години ја изгубила своајта атмосфера, или дека водата е ограничена само на поларните ледени капи. Меѓутоа, пристапот до новооткриената вода е раелно невозможен.
Тоа не е површински океан, бидјеќи водата се простира низ словеи карпи, почнувајќи од најмалку 11 километри под површината на планетата.
Според податоците на истражувачите од Универзитетот во Сан Диего и беркли, се проценува дека помеѓу карпите има толку многу вода, што таа би можела да ја покрие планетата и да бида длабока два километри.
Но, ни на Земјата нема бушилици кои се способни да продрат 11 километри длабоко и поради тоа има малку надеж дека таков подвиг може да се постигне на Марс.
Во недостаток на таква технологија за бушење, научниците ги анализираат податоците за бранови, за да го откријат составот на кората на планетата и материјалите кои се наоѓаат внатре.
Такви податоци собираше сондата „Инсајт“ за време на својата четиригодишна мисија, која заврши во декември 2022 година. Помеѓу податоците се и снимки на тн. „Марсотреси“, но и удари на метеори кои предизвикуваат површински потреси на таа планета. „Инсајт“ ги забележал и брзините со кои сеизмичките бранови се шират за време на таквите инциденти.
Истражувачката група користела модели за да ги израчува својствата на кората на Марс, кога тие брзопатувачки бранови се ширеле низ неа.
„Целта е да поврземе што има внатре со брзината на звукот“ објасни Вашан Рајт, геофизичар од Океанографскиот институт во Сан Диего, кој ја водеше анализата. „Што е каменот погуст, побрзо ќе продре звукот. Ако додадете малку течна вода, брзината ќе се зголеми. Ако го скршите, брзината ќе се намали“ вели тој.
Рајт и неговите колеги во истражувањето не влегле со очекувања дека под површината ќе пронајдат океан. Тие очекувале дека ќе има вода, но не биле сиигурни колку.
Податоците од сондата „Инсајт“ укажуваат на тоа дека подземните води на Марс се движат слично како тие на Земјата.
„Постојат длабоки и долготрајни прашања за Марс, кои оваа студија ни помага да ги одговориме. Ни даваат траги за циклусот на движење на водата на кои луѓето не влијаат“ вели Рајт.
Групата предводена од Рајт не е првата која утврди дека постои можност на Марс да има вода во течна состојба. Истражувачите од Калтек во 2022 година користејќи ја сондата Орбитер за проучување на солите на површината на Марс, процениле дека таму имало вода до пред две милијарди години.
Студиите на поларните ледени капи на Црвената планета исто така сугерираат дека под ладната површина, може да постои течна вода, но едно неодамнешно истражување укажа дека во тие студии можно е погрешно да се интерпретирани радарските мерења.
Пред десет години, студиите на НАСА покажаа дека вода може привремено да тече и на површината на планетата.
Ваквите податоци се интересни за научниците кои се уште бараат докази за живот на Марс. Бидејќи, како и на Земјата, течната вода се смета за основа која овозможува животот да еволуира.
„Водата е неопходна за живот“ вели Рајт. „Тоа што го знаеме за животот и водата на Земајта е дека во длабочината постои живот, кој преживува во многу посурови услови од оние на површината на Земјата. Ако пронајдете вода на некоја длабочина, тоа не значи автоматски живот, но значи дека постои можност за живот“.
Извор: Н1