Откриен нов човечки предок во Сибир

ДенисованциНаучници велат дека во Сибир биле најдени коски на посебен вид на луѓе кои коегзистирале и се мешале со нашите претци. Овие антички луѓе го добиле името Денисованци (лат. Homo altaiensis) по пештерите во кои биле откриени нивните остатоци. Постојат докази дека овие луѓе биле раширени на територијата на Евроазија.

Според податоците добиени од истражувањето Денисованците коегзистирале со Неандерталците и се измешале со нашите претци, најверојатно пред околу 50000 години. Меѓународната група на истражувачи составиле комплетен геном на еден од овие човеколики суштества користејќи ДНК извадена од коска. Истражувачите велат дека ова е доказ дека постоеле минимум четири посебни видови на човек во моментот кога Хомо Сапиенс Сапиенс ја напуштил Африка.

Покрај модерниот човек, научниците знаат за постоењето на Неандерталецот и џуџест вид на човек, октриен на индонезискиот остров Флорес, кој го има добиено прекарот „Хобитот“. Експертите сега мораат да го додадат Денисованецот на овој список. Импликациите на ова откритие според професорот Крис Стрингер од Природонаучниот Музеј во Лондон се „едноставно сензационални“.

Научниците имале можност да анализираат ДНК од заб и од коска од прст најдени во пештерата Денисова во јужен Сибир. Единките припаѓале на генетски посебна група на луѓе кои имале далечно сродство со Неандерталецот, но уште подалечно сродство со нас. Откритието ја зацврстува теоријата дека било можно постоењето на различен вид на човек во Евроазија паралелно со нашите претци.

Научниците претходно имале енигматични фосилни докази кои го подржувале ова тврдење, но ова се првите цврсти докази добиени од истражување на генетски материјал. Генетската студија била изведена од професорот Сванте Паабо од Институтот Макс Планк во Лајпциг, Германија. „Во Европа живеел раниот човек кој еволуирал. Западната форма на оваа еволиција е Неандерталецот а Денисованецот е источната форма“ вели професор Паабо. [Ancient humans, dubbed ‘Denisovans’, interbred with us]

- Реклама -