Откриен најстариот роднина на диносаурусите

silesaur-outline-11Научниците од Универзитеот Тексас во Остин, САД открија фосили од суштество налик на диносаурус, кое живеело 10 милиони години пред најстариот досега познат диносаурус. Најстариот откриен фосил од диносаурус датира од пред 230 милиони години, а ова ново откритие сугерира дека диносаурусите живееле на Земјата многу порано одошто се мислеше досега.


_47408227_dino_relative_reconstructionНаучниците од Универзитеот Тексас во Остин, САД открија фосили од суштество налик на диносаурус, кое живеело 10 милиони години пред најстариот досега познат диносаурус. Најстариот откриен фосил од диносаурус датира од пред 230 милиони години, а ова ново откритие сугерира дека диносаурусите живееле на Земјата многу порано одошто се мислеше досега.

Новооткриените фосили на Asilisaurus kongwe, откриваат дека овој  ран роднина на диносаурусите бил со големина на лабрадор и заби и вилица идеално обликувани за јадење растенија, што индицира дека тој бил претежно на вегетаријанска исхрана.

Суштествата од видот Asilisaurus kongwe живееле на Земјата за време на Тријасот – пред 245 милиони години и, како што се покажа на последните истражувања, биле најблиски роднини на диносаурусите. Поврзаноста меѓу диносаурусот и силисаурусот е слична на таа помеѓу луѓето и шимпанзата, велат научниците. Тие признаваат дека овие суштества не се такви како што тие очекувале да изгледаат раните роднини на диносаурусите. „Секогаш мислевме дека најраните роднини на диносаурусите се мали, двоножни месојадни животни. Овие оделе на четири нозе и имале заби прилагодени за вегетаријанска исхрана.“ вели Sterling Nesbitt од Универзитетот Тексас.

Ова откритие му дава на научниците увид и важни информациии за тоа како диносаурусите еволуирале. Суштествата од видот Asilisaurus kongwe имаат многу заедничнки особини со диносаурусите, тие ја покажуваат развојната фаза од примитивни рептили кон посложени видови диносауруси. Новооткриените фосили покажуваат дека овој вид на примитивни диносауруси изумрел после 45 милиони години, диносаурусите, од друга страна, биле многу поиздржливи и опстојувале на Земјата околу 165 милиони години. [Dinosaur’s oldest relative found]

- Реклама -