Тимот на хакери од Kaspersky објави дека при последните тестирања успеале да го откријат досега најсофистицираниот тројански вирус на Android кој е многу опасен за корисниците на оваа платформа.
Вирусот нарчен Backdoor.AndroidOS.Obad.a може да ви направи огромна штета со тоа што праќа СМС пораки кон хотлајн броеви, самостојно без ваше знаење инсталира штетен софтвер на мобилниот уред и може да се пренесе и на други телефони преку Bluetooth.
Според Kaspersky вирусот има напреден програмерски код кој е премногу комплициран. Тој доаѓа до пристап во Device Administrator менито и продолжува да се копира во различни фолдери и други апликации. Kaspersky го има известено Google за оваа опасност со цел да се превземат навремени мерки за заштита.
Тесктот е објавен во соработка со telefoni.com.mk