Во највисоката атмосфера на Дион, една од 62 месечини кои орбитираат околу Сатурн бил откриен кислород. Возбудливото откритие било направено со инструментите поставени на сондата Касини, лансирана во 1997 година, и испратени до научниците во Националната Лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико.
Сензор поставен на Касини познат како Касини Плазма Спектрометар открил кислородни јони за време на прелетување крај месечината во 2010 година. Дион, откриена во 1684 година од астрономот Џовани Касини, орбитира околу Сатурн на слично растојание како Месечината околу Земјата. Малата месечина има дијаметар од само околу 1200 километри и изгледа како да е составена од дебел слој мраз полс со кратери околу карпесто јадро.
Бидејќи орбитира околу Сатурн секои 2,7 дена Дион е бомбардиран од поларизирани честички (јони) од силната магнетосфера на Сатурн. Овие јони удираат во површината на Дион, изместувајќи молекуларни јони на кислород во ретката атмосфера на Дион. Молекуларните јони на кислород потоа се извлечени од егзосферата на Дион од силната магнетосфера на Сатурн. Истражувачот Роберт Токар изјавил: „Концентрација на кислород во атмосферата на Дион е слична на она што може да се најде во нашата атмосфера на надморска височина од околу 480 километри.“
„Тоа не е доволно да подржи живот, но – заедно со слични појави на другите месечини околу Сатурн и Јупитер – ова се дефинитивно примери за процес преку кој големи количини кислород можат да бидат создадени во планети и месечини прекриени со мраз кои поминуваат низ бомбардирање со поларизирани честички или фотони од Сонцето или било кој друг извор на светлина е во близина.“
Научниците не беа ни сигурни дека Дион е доволно голема за да задржи егзосфера, но ова ново истражување покажува дека Дион е уште поинтересна отколку што мислевме“ додала Аманда Хендрикс, еден од научниците кои работат на Касини во Jet Propulsion Laboratory на NASA во Калифорнија. „Сега ги прегледуваме сите податоци од Касини за Дион за да ја прегледаме оваа месечина во повеќе детали.“
Некои научници велат дека има можност на месечина со подповршинска вода, како Европа – која орбитира околу Јупитер – молекуларниот кислород би можел да се спои со јаглерод од подповршинските езера за да ги создаде основните елементи на живот. Сепак, истражувачите од Универзитетот од Јужна Флорида неодамна објавиле дека океаните на Европа би можеле да бидат премногу кисели за да ги подржат поголемиот број на животни форми. Во април и мај Касини ќе го посвети своето внимание на друга месечина на Сатурн, Енцелад.
Таа месечина е едно од најсветлите тела во нашиот сончев систем кое ја одбива речиси цела светлина која стигнува до него благодарејќи на површина прекриена со кристали на мраз. Месечината исто така исфрла облаци од регионот на јужниот пол. Спектрометрите поставени на Касини, создадени од истражувачите од Лос Аламос, би можеле да помогнат во одговарањето на клучни прашања за составот на овие облаци. [Oxygen found in atmosphere of Saturn’s icy moon Dione by Cassini spacecraft]