Откриен гробот на Мона Лиза

movielandwaxworksml-aЖената позади најпознатата слика на Леонардо да Винчи можеби е закопана
во срцето на Фиренца: „Мистеријата со идентитетот на Мона Лиза е
завршена. Моите истражувања покажуваат дека таа навистина постоела.“ –
вели историчарот Џозепе Паланти.

 

mona_lisa

 

Жената позади најпознатата слика на Леонардо да Винчи можеби е закопана во срцето на Фиренца: „Мистеријата со идентитетот на Мона Лиза е завршена. Моите истражувања покажуваат дека таа навистина постоела.“ – вели историчарот Џозепе Паланти.

Авторот на две книга за Мона Лиза, Паланти, ја идентификувал како Лиза Џерардини, сопруга на еден од најбогатите трговци со свила во Фиренца – Франческо дел Ѓакондо.

„La Gioconda“ ги интересираше вљубениците во уметноста да дознаат нешто повеќе за оваа слика уште од нејзиното креирање во 1506 година. Според многу теории, најверојатно богатиот трговец му платил на Леонардо да ја наслика втората бременост на неговата жена, кога таа имала 24 години.

Новооткриените документи покажуваат дека таткото на Леонардо, сер Пиеро да Винчи и семејството на Лиза биле комшии и живееле неколку метри еден од друг.

Според истражувањата на Паланти, Лиза се омажила за Франческо во 1495, кога имала 16 години. Двојката имала 5 деца: Пиеро, Андреа, Џакондо, Камила и Мариета.

Според „книгата на мртвите“ која Паланти ја пронашол во црковните архиви, Лиза умрела на 15 Јули 1542 на 63 годишна возраст, 4 години по смртта на својот сопруг.

Паланти се надева дека со модерната технологија ќе може да го реконструира нејзиното лице и да види дали тоа се совпаѓа со портретот на Леонардо.

[Mona Lisa Grave Found]

- Реклама -