Откриен чист сулфур на Марс, научниците збунети за неговото потекло

Кога роверот Кјуриосити со своите 899 килограми помиал преку една, наизглед, обична карпа на Марс, таа од неговата тежина пукнала, а потоа открил жолти кристали во нејзината внатрешност.

Иако сулфатите се честа појава на Марс, ова е прв пат на Црвената планета да биде откриен сулфур во неговата чиста форма. Што е уште поинтересно, каналот Гедиз Валис, каде што Кјуриосити го пронајде каменот, е преполн со слични карпи како таа која роверот ја скрши, што значи дека некои делови од планетата се богати со чист сулфур, пренесува РТС.

„Пронаоѓањето на камења од чист сулфур е како да пронајдете оаза во пустина. Не би требало да постои, мораме да го објасниме тоа. Откривањето на неочекувани работи е она што го прави планетарното истражување интересно“ вели Ешвин Васавада од „Jet Propulsion Laboratory“.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Сулфатите се соли кои се формираат кога сулфурот се меша со други минерали во присуство на вода. Кога водата ќе испари, минералите се соединуваат и остануваат сулфати. Сулфатните минерали може да откријат многу за историјата на Марс, особено за тоа кога и колку имало вода таму.

Чистиот сулфур, од друга страна, се формира под многу специфични услови. Ваквото откритие покажува дека има уште многу непознати работи за Марс, а количината на чист сулфур покажува дека има нешто многу важно за кое што се уште не сме свесни.

Сулфурот е еден од клучните елементи за живот, бидејќи влегував во составот на две есенцијални амино-киселини кои се потребни за живите организми да создаваат протеини.

Извор: РТС

- Реклама -