Откако одекна дека се разделиле: „Замарјте се со „бомбите“, свадба ќе има!

Вчера насекаде одекна веста дека пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот свршеник Александар ја раскинале свршувачката, а денеска веќе знаеме дека тоа не е вистина.

Наводно, Тамара одела само да ја земе пролетната гардероба од кај своите родители, а некој тоа го протумачил како „пакување на куферите“. Парот немал никакви проблеми во љубовта и интензивно се подготвува за венчавка.

Нејзиниот свршеник Александар Димитровски ­ Мачка вели дека свадбата е  закажана за 28 јуни.

tamara-aleksandar

„Сите нека го запаметат датумот 28 јуни и дотогаш нека не се бават со нас, здодевни сме кај нас ништо не се случува, освен што ние како и секоја нормална двојка си се подготвуваме за свадба. Ако немаат друга работа ете нека се замараат со бомбите“, додаде Александар.

- Реклама -