Две илјади долари потрошени за патување во Мексико, такси возење, удобна хотелска соба, прекумерно количество кокаин и неколку проститутки, успеаја да го спасат животот на Reddit корисникот „plzsendhalp“.
Губејќи ја битката со депресијата, овој човек решил да му стави крај на својот живот. Сакајќи да ја дочека смртта безболно, тргнал на пат кон Мексико со цел да купи апчиња кои на нелегален начин единствено можел да ги најде таму.
Но, неколку настани го одвратиле од неговата замисла, а своето искуство го споделил на Reddit.
Имено, кога пристигнал и ги набавил апчињата, помислил дека нема да биде лошо за последен пат да има секс со некоја проститутка. Попатно, таксистот кој го возел му понудил кокаин, идеја која му се чинела како одлична пред да го оконча својот живот.
Една работа водела кон друга, па така тој наскоро се нашол во хотелска соба која се наоѓала над јавна куќа, украсена со кревет во облик на срце, стриптизерска шипка и џакузи.
Според неговите раскажувања, тој поминал цела недела „шмркајќи кокаин од женски гради, пиејќи апчиња против болка во комбинација со текила, раце полни со Виагра, и секс со повеќе девојки одеднаш“.
Некаде за време на некоја од оргиите, сфатил дека неговиот живот не е воопшто лош, и дека не сака да се откаже туку така од него.
Задоволен од неочекуваниот провод ги спакувал неговите работи и се вратил назад во својот дом.
Иако многумина би биле засрамени да го споделат ваквото искуство, сепак, корисникот потпишан како „plzsendhalp“ го објавил мислејќи дека на овој начин можеби ќе им помогне на останатите луѓе кои патат од депресија.
Имено, тој вели дека не сугерира да ги следат неговите стапки и да одат во Мексико за да посегнат по дрога или проститутки, туку едноставно да прават работи кои иако можеби не звучат најразумно, сепак ќе им покажат дека животот може да биде забавен и вреди да се живее.
Оригиналната приказна можете да ја прочитате тука.