Си уживаа луѓево во опуштено веслање и не ни насетуваа какво изненадување ги чека. Одненадеж, од водата исплива видра и почна да се обидува да се качи во кајакот. По неколку обиди ѝ успеа, а жената, незнаејќи што да прави, остави гостинот да се чувствува како дома.
А гостинот реши малку да поседи, да разгледа што се случува, да одмори, и сè на сè – да им го разубави денот, па и животот на среќнициве.