„Отело“ imPerfect Dancers Company – ITALY на сцената на Народен Тетатар Битола

Во недела на 30 јуни во 20 часот, како дел од годинешното издание на Битола Шекспир Фестивал, ќе биде изведена претставата „Отело“ imPerfect Dancers Company – ITALY.

Танцовиот колектив imPerfect Dancers Company е добро познат на битолската публика по гостувањата на предходните изданија на БШФ со претставите „Лејди Макбет“, „Хамлет“ и „Ромео и Јулија“. 

Најновиот нивни проект „Отело“, ќе ја има својата светска премиера на овогодинешното издание на БШФ. 

Заедничкиот именител во нашиот Отело е истражувањето на најинтимните чувства и аспекти на човечката душа. Љубов, љубомора, завист, гнев и омраза. Поврзани, а сепак спротивни чувства. Животот во својата извонредна сложеност.

Претставата е сместена во неодредено време без историски референци, во некаква вечност, исто како што темите на делото се вечни и безвременски.

Отело, Дездемона, Јаго.

Три лика, три можни случувања, едно шоу каде јавноста одлучува и со тоа станува господар на делото.

Рингмајстор ќе ја води јавноста низ различните фази на шоуто, откривајќи ги неговите тајни и атракции.

Перформансот затоа е ентитет со свој живот и секогаш се менува според волјата на јавноста.

Секоја изведба е единствена и неповторлива. Јавноста е господар на тоа.

- Реклама -