За инает на гласините дека Honda има намера да прекине со производството на CR-Z, Јапонците пуштија обновена верзија за моделската 2016.
Филијалата на брендот во САД лансираше новина што доаѓа со малку изменет преден дел и неколку незабележителни промени позади. Можеби најзначајната новина е додавање на ново врвно ниво на опрема, која донесува кожени седишта со греење, модифицирани прегради и модификации на централната конзола.
Технолошки промени нема, односно моделот сеуште располага со 1.5-литарски мотор, помогнат од електромотор. Тие генерираат моќ од 130 КЅ, кои минуваат преку CVT постојано променлив пренос и достигнуваат во предните тркала.
/Автоплус