„Осветлен ѕид“ ќе го дели Берлин на источен и западен

Четвртина век од падот на Берлинскиот ѕид ќе биде одбележан симболично со поставување на 8.000 осветлени балони, кои ќе покажуваат каде минувал ѕидот кој 29 години го делеше градот на источен и западен.

Од 7 до 9 ноември балоните ќе бидат поставени во должина од 15 километри во рамки на проектот „Граница на светлината“ (Licht grenze).

529940_berlinski-zid03-foto-print-screen-vimeo-fall-of-the-wall-25_ff

Дизајнирани да евоцираат спомени на демонстрација во Источна Германија, пред падот на ѕидот каде илјада луѓе носеле свеќи и мирно искажувале незадоволство.

529939_berlinski-zid02-foto-print-screen-vimeo-fall-of-the-wall-25_ff

Освен тоа, поставувањето на балоните е во должина на просторот во кој некогаш минувал ѕидот и треба да претставува силен симбол на поделеноста.

- Реклама -